Сонцето , е ѕвезда од класата на жолти џуџиња која се наоѓа во центарот на сончевиот систем. Земјата и друга материја (вклучувајчи други планети, астероиди, метеориди, комети и космичка прашина) орбитираат околу Сонцето, кое самото претставува 98,6% од целовкупната маса на сончевиот систем, а тежи околу 200.000 пати повеќе од Земјата. Растојанието меѓу Сонцето и Земјата е приближно 149.600.000 километри и неговата светлина го минува ова растојание за 8,3 минути. Енергијата од Сонцето, во форма на сончева светлина, го одржува скоро целиот живот на Земјата преку фотосинтеза и ја управува земјината клима и време.
Површината на Сонцето се состои од водород (околу 74% од неговата маса, или 92% од неговиот волумен), хелиум (околу 24% од масата, 7% од волуменот) и мали количини на други елементи, вклучувајќи железо, никел, кислород, силициум, сулфур, магнезиум, јаглерод, неон, калциум и хром . Сонцето има G2V ѕвездена класа. G2 значи дека има површинска температура од приближно 5.780 К (5.500 °C), давајќи му бела боја која често заради атмосферското прекршување изгледа жолто кога се гледа од површината на Земјата.
Кога ќе почне да го снемува водородното гориво на Сонцето , тоа ќе прерасне во многу поголема и посјајна ѕвезда наречена црвен џин. Тоа на крај ќе ги отфрли своите надворешни слоеви во вселенскиот простор. Од сонцето тогаш ќе остане само мошне густа ѕвезда наречена бело џуџе пред конечно да се излади и да изгасне и да стане црно џуџе.
Јадро
Јадрото на Сонцето е најважниот дел од него. Тоа е како мотор. Тој ја дава светлината, и тој ги дава тие честички внатре во Сонцето. Секогаш кога Сонцето свети, испушта енергија околу милион атомски бомби.Јадрото на Сонцето се смета дека се протега од центарот до 0,2 до 0,25 сончеви радиуси. Густината изнесува од 150 g/cm3 (150 пати повеќе од густината на водата на Земјата), а температурата изнесува приближно 13 600 000 К (додека на површината на Сонцето изнесува околу 5 800 К). Неодамнешна анализа на SOHO мисијата е наклонета кон побрзата стапка на ротација во јадрото отколку во остатокот од зоната на радијација. Во поголемиот дел од постоењето на Сонцето енергијата се добива со нуклеарна фузија преку серија чекори наречени р-р (протон-протон); овој процес го претвора водородот во хелиум. Помалку од 2% од хелиумот создаден во Сонцето доаѓа од CHO циклусот. Јадрото е единственото место во Сонцето кое што произведува значително количество на топлина преку фузија: остатокот од ѕвездата се загрева со енергија која што се пренесува надвор од јадрото. Севкупната енергија добиена со фузија во јадрото мора да патува преку многу последователни слоеви до сончевата фотосфера пред да се ослободи во вселената како сончева светлина или кинетичка енергија на честичките.
Корона
Короната се наоѓа внатре во јадрото. Таа може да достигне температури повеќе од милиони °C. Короната (Сонцето) испушта енергија достигајќи 9,3 трилиони милји (околу 14484096000000 km), подалеку и од Плутон. Таа енергија всушност не штити од интергалаксичните ветрови. Истотака како и на Земјата, има посебна гравитација, па не ја пушта Земјата и останатите планети да се изгубат во просторот.
Фотосвера
Фотосверата е површината на Сонцето. Површината не е толку цврста, како што се другите делови, а и испушта гасови. Температурата на површината достига до 10.000 °C [[Податотека:Solar Life Cycle mk.svg|мини|десно|500п|Животниот циклус на Сонцето. Видливата површина на Сонцето, фотосферата, е слој кој го прави Сонцето видливо на светлина. Над фотосферата видливата сончева светлина слободно може да се шири во вселената и нејзината енергија целосно го одбегнува Сонцето. Промената во непроѕирноста се должи на намалувањето на H− јоните, кои лесно апсорбираат видлива светлина. Обратно од тоа, видливата светлина која што ја гледаме се создава кога електроните реагираат заедно со водород атомите за да се добијат H− јоните. Фотосферата е десетици и стотици километри густа и на тој начин е малку повеќе непроѕирна од воздухот на Земјата. Поради тоа што горниот дел на фотосферата е поладен отколку долниот дел, Сонцето изгледа посветло во центарот отколку на краевите. Сончевата светлина има приближно спектар на црно тело што упатува на температура од 6 000 К која распрснува со апсорбирачки атомски линии од слабите слоеви над фотосферата.
Годишни времиња
Како што на Земјата има пролет, лето, есен и зима, така и на сонцето постојат годишни времиња. На Сонцето се наречени „сончеви сезони“ и траат по приближно 11 години секоја. Сезоните имаат различен карактер, и нашата технологија и заедницата може да реагира на нив, а дури и времето на Земјата.
Животен циклус
Сонцето е создадено пред околу 4,57 билиони години кога молекуларниот облак од водород експлодирал. Сончевото создавање се пресметува на два начина: сегашните последователни години на Сонцето се одредени со помош на компјутерски модели на ѕвездената еволуција и нуклеокосмохронологијата и изнесува дека постои околу 4,57 билиони години. Ова речиси се совпаѓа со радиометричната дата на најстарата материја на сончевиот систем која е стара 4,567 билиони години. Сонцето е на пола пат од неговата еволуција за чие што време реакциите на нуклеарна фузија во неговото јадро го претвораат водородот во хелиум. Секоја секунда, преку 4 милиони тони материја се претвораат во енергија во јадрото на Сонцето, произведувајќи неутрини и сончева радијација; досега Сонцето има претворено материја колку 100 пати по масата на Земјата во енергија. Сонцето ќе помине вкупно 10 билиони години како ѕвезда на главната низа. Сонцето нема доволно маса за да експлодира како супернова. Наместо тоа, за околу 5 билиони години, ќе влезе во фазата на црвен џин, и неговите надворешни слоеви ќе се шират како што водородот во јадрото ќе се троши и јадрото ќе се собира и загрева. Фузијата со хелиум ќе започне кога температурата на јадрото ќе достигне околу 100 милиони К и ќе произведува јаглерод.
Сончево зрачење
Сончевото зрачење, во најширока смисла, е целосниот спектар на електромагнетна радијација која ја испушта Сонцето. На Земјата, сончевото зрачење се филтрира низ Земјината атмосфера, а соларна радијација гледаме кога Сонцето е над хоризонтот. Сончевото зрачење може да се измери со помош на апарат наречЕн пиранометар или пирхелиометар. Светската метеоролошка организација ја дефинира сончевата светлина како директно зрачење од Сонцето врз Земјата со најмалку 120 Њ•м−2. Директното сончево зрачење има светлосен ефект од околу 93 лумени на ват, што вклучува инфрацрвено зрачење, видлива светлина и ултравиолетово зрачење. Сјајната сончева светлина има околу 100 000 кандели на квадратен метар на површината на Земјата. Опстанокот на речиси сите животни форми на Земјата зависи од сончевата светлина. Растенијата ја користат сончевата светлина за процесот наречен фотосинтеза. Животните индиректно ја користа сончевата светлина, преку внесување на растенија во својата исхрана. Релативно скорешните откритија на јаглен, петролеум и природен гас преставуваат употреба на сончевата светлина заробена во земјата милиони години.
Сончев ветар
Сончевиот ветар (соларен ветар) претставува струја од честички испуштени при голема брзина од горните слоеви на сончевата атмосфера, во главно електрони и протони. Иако овој губиток на масата на Сонцето е безначаен а густината на сончевиот ветар е мала, честичките се движат со огромна брзина и вршат огромно влијание врз телата во сончевиот систем. Познати ефекти на сончевиот ветар се поларната светлина и насочување на опашот на кометите спротивно од Сонцето. Во близина на Земјата земјиното магнетно поле ги заробува честичките на сончевиот ветар и ги насочува кон магнетните полови. Доколку честичките насончевиот ветар се движат со брзина од повеќе стотици километри на час, при сударот со честичките на Земјината атмосфера доаѓадо јонизирање на гас и појавата на светлина. Оваа појава се сретнува и во поларните подрачја, и токму и поради тоа го добила и името поларна светлина или Аурора бореалис. Доколку сончевата активносѕ е поголема, зголеменото делување на сончевиот ветар може да доведе до појава на поларна светлост и на помала географска ширина. Во такви услови постои можност сметање или оштетување на радио-комуникативните уреди на Земјата и вештачките сателити.
Сончеви пламени
Сончевиот пламен претставува голема експлозија во атмосферата на Сонцето кој што ослободува 6 x 1025 џули енергија. Овој термин исто така се користи за да се означи сличен феномен во останатите ѕвезди, каде што терминот ѕвезден пламен се употребува. Сончевите пламени влијаат на сите слоеви од сончевата атмосфера (фотосфера, корона и хромосфера), загревајќи ја плазмата до десетици милиони келвини и зголемувајќи ја брзината на електроните, протоните и потешките јони речиси до брзината на светлината. Тие произведуваат радијација низ електромагнетниот спектар на сите бранови должини, од радио бранови до гама зраци. Повеќето пламени се создаваат во активните региони околу сончевите дамки, каде што силните магнетни полиња пенетрираат во фотосферата за да ја поврзат короната со сончевата внатртешност. Пламените се засилуваат со ненадејно ослободување на магнетна енергија складирана во короната. Ако сончевиот пламен е изворедно силен може да предизвика исфрлање на коронарна маса. Рентгенските зраци и UV зрачењето ослободени од сончевите пламени може да влијаат на Земјината јоно сфера и да ги прекинат радио комуникациите на далечина.