Метеори

Метеор - издигнат во воздухот, лебдечки) е светлосна појава што настанува со јонизација на атмосферата низ која поминува метеороидот. Метеорите обично се појавуваат во мезосферата, на височина од 75 км до 100- издигнат во воздухот, лебдечки) е светлосна појава што настанува со јонизација на атмосферата низ која поминува метеороидот. км над површината на Земјата. Сите метеори доаѓаат од орбити од околината на астероидниот појас.
Болид
Метеорите што се посјајни од -3. магнитуда се викаат болиди. Метеороидите што потекнуваат од ист објект (комета или астероид) имаат паралелни патеки, па метеорите што настануваат од нив изгледаат како да потекнуваат од ист дел на неборо (радиант). Во овој случај се говори за метеорски дожд. Во текот на годината има повеќе од 50 метеорски дождови.
Ако метеорот го преживее минувањето низ атмосферата и падне на површината на некое небесно тело, се нарекува метеорит. Метеорот што ќе падне на Земјата или на друго небесно тело може да направи ударен кратер.
Истопениот материјал исфрлен од ударниот кратер може да се излади и да стане цврст, и да формира тело што се нарекува тектит.
Светлосната трага настанува со пренесување на кинетичката енергија на метеороидот врз атомите на атмосферата низ која поминува и со аблација на надворешните слоеви на метеороидот. Температурата во ударниот бран што ѝ претходи на поголемата метеороидска честичка изнесува повеќе од 10.000 °C, а зад неа останува трага од јонизиран гас или плазма што свети.
Метеорите меѓу народот се нарекуваат и „ѕвезди што паѓаат“.